Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците исплашени – Русија ќе ја зголеми цената на гасот

Украинците исплашени – Русија ќе ја зголеми цената на гасот

Украинските власти очекуваат рускиот гигант за гас, Гаспром, во вториот квартал на оваа година да ја зголеми цената на гасот за Украина.

Според украинскиот министер за енергетика Јуриј Проданнего, рускиот гас веројатно ќе поскапе на 368,5 долари за 1000 кубни метри.

Официјална Москва, во декември се согласи на Киев да му ја намали цената на гасот од околу 400 на 268,5 долари за 1000 кубни метри, што е една од мерките за финансиска помош кои руските власти и ги одобрија на Украина, откако земјата го запре приближувањето кон Европската унија и се сврте кон Русија.

Договорот од декември минатата година е доведен во прашање откако новите украински власти го сменија претседателот на земјата Виктор Јанукович.

Слично

Поврзани вести