Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците и Русите утре пак седнуваат на преговори

Украинците и Русите утре пак седнуваат на преговори

Закажана e втората рунда од преговорите меѓу Украина и Русија. Средбата ќе се случи утре. 

Втората рунда од преговорите меѓу Русија и Украина е закажана за утре, јави руската државна агенција ТАСС, повикувајќи се на извор од руската страна. Првата рунда од преговорите која се одржа во близина на границата меѓу Белорусија и Украина во понеделникот заврши по околу шест часа без договор. 

Првата рунда преговори се одржана во Гомељската област во зоната на украинско-белоруската граница, на петтиот ден од почетокот на руската инвазија на Украина. Киев на состанокот барал итен прекин на воените дејства и повлекување на руските трупи од украинската територија, вклучувајќи ги Донбас и Крим. Рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека бара од меѓународната заедница да го признае рускиот суверенитет на Крим и, како што истакна претходно, демилитаризација и денацификација на Украина.

Руското Министерство за одбрана издаде предупредување до жителите на Киев дека се подготвува за напад врз цели во главниот град на Украина. 

Жителите на украинската престолнина бараат начин со воз да заминат во некоја од соседните земји. 

Веќе шести ден се вокјува во Украина. На 24 февруари Русија ја нападна Украина. 

foto EPA-EFE

Слично

Поврзани вести