Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците го убија рускиот воен репортер Ростислав Журалвев во Запорожје

Украинците го убија рускиот воен репортер Ростислав Журалвев во Запорожје

Украинците ранија руски воени репортери во Запорожје, а еден од нив загина. 

Познатиот руски воен репортер Ростислав Журалвев загина, а уште четири негови колеги се тешко ранети. 

Како што извести руското Министерство за одбрана, околу 12 часот денеска украинската војска извела артилериски удар врз група новинари на медиумската куќа Известија и на новинската агенција РИА кои подготвувале материјали за наводна употреба на касетната муниција.  Според гувернерот на Запорошката област поставен од Москва, Евгениј Балицки, украинските сили го гаѓале обележаното цивилно возило со новинарите кои се движеле од градот Василевка кон селото Владиморовка и притоа загинал воениот репортер на агенцијата РИА, Ростислав Жиравлев. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари, а украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека Кримскиот мост е легитимна воена цел. 

Слично

Поврзани вести