Украинците го бомбардираа сопствениот град: Одекна експлозија во Херсон-град кој е под руска окупација (ВИДЕО)
Си-Ен-Ен ја потврди автентичноста на снимката на која се гледа експлозијата во близина на ТВ-кулата
Силна експлозија одекнала во центарот на окупираниот украински град Херсон. Според странските медиуми, експлозијата се случила во близина на голема ТВ кула.
Си-Ен-Ен ја потврди автентичноста на снимката на која се гледа експлозијата во близина на ТВ-кулата. Руската прорежимска новинска агенција РИА тврди дека украинските сили истрелале три ракети врз Херсон.
Две ракети биле соборени, тврди РИА, повикувајќи се на извор од безбедносните служби, додека третата ја погодила целта.
Погледнете како тоа изгледаше:
Strikes reported in Kherson tonight, TV tower was hit pic.twitter.com/p7HRcdqSfX
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) April 27, 2022
Патем, Херсон падна под руска контрола на почетокот на март. И вчера во овој град беа одржани демонстрации, односно проукраински митинг кој руските сили го растурија со употреба на солзавец и шок гранати.
FOTO: TWITTER
