ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците ги убија руските агенти кои го ликвидираа нивниот разузнавач во Киев

Украинците ги убија руските агенти кои го ликвидираа нивниот разузнавач во Киев

Украинците ги убија руските агенти кои пред неколку дена во Киев убија украински разузнавач. 

Агентите дејствувале по налог на руската разузнавачка служба ФСБ, објави СБУ, а oперацијата ја водел шефот на СБУ, Васил Маљук.

„Борбена група на руската ФСБ била однапред инфилтрирана во Украина и пред три дена изврши атентат врз нашиот соборец, полковникот Иван Вороњич. Благодарение на тајните пребарувања и интензивните контраразузнавачки мерки, го откривме нивното скривалиште. При апсењето пружија отпор и дојде до размена на оган, по што беа ликвидирани“, рече Маљук.

Со истрагата е утврдено дека убиството го извршиле маж и жена. Нарачателот им наредил да го следат Вороњич, да ја утврдат неговата дневна рутина и рути на движење, а потоа им ги дал координатите на скривалиштето во кое пронашле пиштол со придушувач.

Полковникот на СБУ, Иван Вороњич е убиен на 10 јули во киевскиот округ Холосијивски. Според извори на „Украинска правда“, околу 9 часот наутро непознат маж му пришол и испукал пет куршуми од пиштол, по што побегнал. Вороњич починал на местото на настанот од здобиените прострелни рани.

Американскиот „Њујорк Тајмс“ јави дека Вороњич учествувал во бројни специјални операции, вклучувајќи ја и ликвидацијата на рускиот милитант Арсен Павлов, познат под прекарот Моторола. Тој, исто така, ја предводел единицата која во 2024 година влегла на територијата на руската Курска област. 

ad
Слично

Поврзани вести