Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинците ги поттиснаа Русите - регионот на Киев е под украинска контрола

Украинците ги поттиснаа Русите - регионот на Киев е под украинска контрола

Целиот киевски регион е под контрола на украинската војска. Ова го соопштија украинските власти. Ослободен е и аеродромот Хостомел близу Киев. 

Руските трупи се повлекуваат кон Белорусија, оставајќи зад себе уништена опрема.

„Целиот киевски регион е ослободен од окупаторот“, напиша заменик-министерката за одбрана Хана Малјар на Фејсбук.

Руската војска се повлекува и околу северниот град Чернихив.  Се смета дека руското повлекување на северот од земјата е со цел силите да се групираат за офанзива на истокот. Русија претходно најави дека ќе се сконцентрира на војната во Донбас. Денеска е 39-от ден од почетокот на војната во Украина. 

Украинската војска вчера ја врати контролата во Буча, а градоначалникот Анатолиј Федорук изјави дека таму е откриена масовна гробница, каде се закопани 280 луѓе.


Фото: Украинско министерство за одбрана

Слично

Поврзани вести