Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНЦИТЕ ГИ ЧЕКА ДОЛГА И ТЕШКА НОЌ: Руската војска ја уништиле термоцентралата во Киев

УКРАИНЦИТЕ ГИ ЧЕКА ДОЛГА И ТЕШКА НОЌ: Руската војска ја уништиле термоцентралата во Киев

Како што пренесуваат светските медиуми, руската војска, наводно, ја уништила термоцентралата во Киев. Ова го тврди и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, што е знак дека таа е насочена кон критичната инфраструктура. 

Кличко претходно кажа дека пет експлозии се слушнале во период од три до пет минути во близина на електрана лоцирана северно од Киев. 

„Службите за итни случаи работат. Ги дознаваме деталите. Ситуацијата сега, без претерување, е заканувачка за Киев. Ноќта ќе биде многу тешка“, истакнал градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко.

Веќе втор ден се војува во земјата. Вчера Русија ја започна инвазијата на Украина. 

Слично

Поврзани вести