Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНЦИТЕ ГАЃАА БАЗА ВО РУСИЈА: Tаму имало стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво

УКРАИНЦИТЕ ГАЃАА БАЗА ВО РУСИЈА: Tаму имало стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво

Украинците гаѓаа база на 200 километри од Москва. 

Украински дронови го нападнале градот Рјазан на 500 километри од границата на фронтот во Курск. Мета била воздухопловна база каде имало стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво.

„Силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана соборија три беспилотни летала над регионот Рјазан“, изјави Павел Малков гувернерот на регионот Рјазан.

Украинците пробале да го погодат и пристаништето Новоросијск, каде се стационирани ракетни носачи.

„Украина е сè поблиску до НАТО, но не е време за официјална покана“, изјави словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести