Украинци спремале напад во Русија?
Русија тврди дека спречила терористички напад зад кој стоеле Украинци.
Според Русија, напад требало да има во Чегем, Кабардино-Балкарија, република во близина на руската граница со Грузија. Пронајдена е импровизирана експлозивна направа тешка околу 2 килограми во еквивалент на ТНТ, автоматска пушка АК-74, пиштол и муниција. Убиени се две лица.
„Федералната служба за безбедност ги запре активностите на двајца претходно осудени руски државјани кои според инструкциите на украинските специјални служби подготвувале терористички акт во градот Чегем. По извршувањето на делото планирале да заминат во Украина со цел да учествуваат во непријателски активности против руските вооружени сили“, стои во извештајот.
Служба за безбедност на Русија пред два дена информираше дека убила четворица украински „саботери“ додека се обидувале да влезат во руската област Брјанск, која се граничи со Украина.Велат дека таа група сакала да изврши терористички акти и саботажа. Русите тврдат дека имала оружје од германско производство, комуникациска опрема и четири импровизирани експлозивни направи.
