Украина: Започна отстранувањето на урнатините на MH17, Холанѓаните ги обележуваат деловите!
На истокот на Украина, во близина на градот Доњецк почнаа работите за отстранување на урнатините на MH17 „Малезија ерлајнс“ кој пред четири месеци беше соборен над територијата која ја контролираат прорускит сили.
Како што наведува руската агенција Тасс, холандките експерти моментално ги обележуваат урнатините на авионот, кои подоцна ќе бидат качени на камиони.
На попишувањето на деловите на авионот заедно со холандкси експерти работат и истражувачи на самопрогласената Доњецка Народна Република, а процесот на отстранување на урнатините би можел да потрае најмалку десет дена.
Извор од Министерството на ДНР за вонредни состојби за наведената агенција открил дека најлголемите парчиња урнатини прво ќе бидат исечени во помали делови, за да може да бидат транспортирани во Холандија.
Од друга страна, агенцијата АФП избестила дека персоналот на Министерството на ДНР за вонредни состојби утрово во близина на Грабово, зафрленото село на истокот од Украина почнале да ги сечат деловите на урнатините со метални пили.
Авионот „Малезија Ерлајнс“ е соборен над источна Украина во јули, при што животот го загубиле сите 298 патници и членови на екипажот.
