Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА: Залужни не е сменет

УКРАИНА: Залужни не е сменет

Министерството за одбрана на Украина се огласи по извештаите за оставка на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни.

„Тоа не е точно“, соопшти украинското министерство, пренесува РИА Новости.

Алексеј Гончаренко, член на Врховната Рада претходно кажа дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, поднел оставка. 

„Володимир Зеленски го назначи Кирило Буданов за врховен командант на вооружените сили на Украина наместо Валериј Залужни“, објави претходно украинскиот новинар Роман Цимбаљук.

Гончаренко додаде дека на Залужни му била понудена функцијата амбасадор во една од европските земји, но тој одбил, пренесува РИА Новости.

Слично

Поврзани вести