Украина забрани воена соработка со Русија
Украинскиот претседател Петро Порошенко забрани секаква воена соработка со Русија, што директно ќе се одрази на 79 украински и 859 руски фирми.
Одлуката ја соопштил на седница на Националниот совет за безбдност и одбрана. „Ние практично прекинавме секаква соработка во воено-индустриската сфера со Руската Федерација“, потврди првиот потпретседател на украинската Влада Виталиј Јарема.
Русија беше важен пазар за воената индустрија на Украина, но процесот на производство и во многу руски фирми беше тесно поврзан со делови набавени од Украина.
Руското Министерство за индустрија и трговија развива планови како да одговорина одлуката на новоизбраниот украински претседател, додека рускиот заменик-премиер Димитриј Рогозин тврди дека земјата веќе има план како целосно да го замени увозот на производи за одбраната од Украина.
Слично
