Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина: Забранети летови во два града

Украина: Забранети летови во два града

Украина забрани летови на четири руски авиокомпании во градовите Харков и Дњепропетровск на истокот од земјата, соопштува украинската државна авијација.

Компанијата Аерофлот, Трансеро, Јут Ер  и Јут Ер-Украина од денска ги забранија летовите за Харков, а во Дњепропетровск од утре повеќе нема да може да се оди со авион бидејќи забрана за истата линија добила и украинската компанија Днипроавија.

Аерфлот пред неколку дена соопштил дека ќе ги намали летовите за Харков и Дњепропетровск, иако на 26 октомври, кога почнала зимската сезона, добил дозвола од украинските авијации за тие линии.

Нешто подоцна, меѓутоа, шефот на украинската авијација Денис Антонук соопштил дека сепак е воведена забрана за летови во тие градови.

Слично

Поврзани вести