Украина врие: Путин нареди проверка на борбената готовност!
Рускиот претседател Владимир Путин наредил итна проверка на борбената готовност на оружените сили во западна и средна Русија, јави агенцијата ИТАР-ТАСС.
„Во согласност со наредбата на претседателот на Руската Федерација, силите во западниот воен округ се ставени во тревога“, објави министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Чекорот се толкува како обид на Москва да покаже сила во екот на кризата во соседна Украина. Путин досега наредил неколку ненадејни воени вежби во разни делови на Русија со образложение дека „војската мора да е будна“, но овојпат мобилизацијата носи силна геополитичка порака.
Западниот воен округ на Русија се граничи со Украина. Шојгу вели дека вежбата ќе биде спроведена во две фази, а ќе заврши на 3 март, а во неа делумно ќе се вклучат и вооружените сили од сердна Русија.
Потегот на Москва само доплнително ја вжешти атмосферата во Украина, во која од ден во ден поделбите само уште повеќе се засилуваат. На Крим, во тек се протестите на проруското и на татарското малцинство, а ситуацијата е исклучително напната.
Во Киев, пак, вечерва на револуционерниот Плоштад на независноста, новата прозападна украинска власт треба да ги избере членовите на новата влада на национално единство, која треба да бара излез од украинската криза и да се обиде да ја спаси земјата на која и се закануваат сепаратистички тенденции, но и банкрот.
Слично
