УКРАИНА ВРИЕ: Итна седница на Советот за безбедност заради ситуацијата во источните градови
Маскирани и вооружени мажи денеска ги зазедоа седиштата на полицијата во неколку источни украински градови, предизвикувајќи повторно тензии во Украина. Вооружените лица без видливи ознаки за припадност на некоја армија поставиле руски знамиња на полициските станици во Доњецк, Славјанск и повеќе други градови во источните делови на земјата.
http://www.youtube.com/watch?v=36oy1dwmSKo
Проруските демонстранти го принудиле шефот на регионалната полиција во Доњецк Константин Пожидаев да си поднесе оставка на функцијата. Во Киев се одржува итна седница на националниот Совет за безбедност на Украина на која се разгледува ситуацијата во источните градови кои се обидуваат да го следат кримското сценарио - отцепување од Украина и приклучување кон Русија.
Украинскиот министер за внатрешни работи Андреј Дешчица ја префрли одговорноста за случувањата на Русија и побара од Москва да ги прекине „провокациите на своите агенти во источна Украина“.
Од своја страна, Русија негира секаква поврзаност со проруските сепаратисти во Украина. Но, во истовреме апелира Киев да престане со заканите дека ќе испрати специјалци за да ги врати под своја контрола градовите на истокот и да се пресмета со демонстрантите.
Слично
