Украина воведува остри мерки за штедење
Украинската влада воведе повеќе мерки насочени кон штедење на буџетските средства. Усвоените мерки, покрај останатотот, вклучуваат привремено ограничување на платата на раководителите и дневниците за службен пат, намалување на бројот на службени автомобили како и купувањето на автомобили, мебел, мобилни телефони и компјутери, пренесуваат агенциите кои го цитираат соопштението на владата објавено на веб страницата.
На списокот со 31 точка се воведува забрана за купување на автомобили – освен возила за итната помош, противпожарната служба и возила за спасување, бела техника и униформи.
Секоја институција ќе може да користи само едно возило, доколку поинаку не е предвидено со закон или акт на украинската влада, а од буџетот повеќе нема да се плаќаат сметките за мобилен телефон и чартер летови.
Владата забранува формирање на нови буџетски установи без нејзино одобрување.
Воведена е забрана за одржување на саеми, фестивали, конгреси, одбележување на јубилеи и историски случувања. Одлуката важи за сите институции кои користата буџетски средства.
Слично
