Украина во паника: Доволно гас само за уште еден месец!
Украина има доволно гас само за уште еден месец, изјави министерот за енергетика на оваа држава Јури Продан. „Од денеска имаме седум милијарди кубни метри складиран природен гас. Со други зборови, тоа ќе биде доволно за следниот месец, доколку се задржи сегашното ниво на потрошувачка“, алармираше Продан.
Украинските власти бараат итни начини да се намали потрошувачката на гас, за резервите да издржат колку што е можно подолго. „Мора да бараме начини некои капацитети да се префрлат од гас на јаглен, онаму каде што тоа е можно“, вели Продан.
Украина е многу зависна од увозот на руски гас, а ситуацијата за Киев драматично се влоши кога Русија во рок од три дена ја зголеми цената на гасот за Украина за 80% - од 268 на 485 долари за 1.000 метри кубни.
Русите ја објаснуваат ваквата одлука со неуспехот на Украина да си ги плати претходните долгови за испорачан гас, но за мерката секако свој удел имаат и влошените политички односи на релација Киев-Москва.
Слично
