Украина во ладилници ги чува телата на руските војници и е подготвена да ги врати на Русија
Украина e подготвена да ги врати телата на руските војници во Русија.
Украинската војска информира дека е подготвена да ги испрати телата на руските војници назад во Русија во согласност со меѓународното право, пренесе Ројтерс.
Телата се натоварени во ладилници по борбите во главниот град Киев и регионот Черниговски. Неколку ладилници се стационирани во различни региони низ Украина.
„Според нормите на меѓународното хуманитарно право, а Украина строго се придржува до нив, по завршувањето на активната фаза на конфликтот, страните мора да ги вратат телата на армијата на друга земја. Украина е подготвена да му ги врати телата на агресорот“, изјави Володимир Ламзин, шеф на украинската цивилно-воена соработка.
Украина јавуваше за бројка од 20.000 убиени руски војници, но Русија ретко информираше за жртвите и соопштуваше драстично помали бројки. Војната почна на 24 февруари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека нема да остават ништо за непријателот.
foto reuters - Valentyn Ogirenko
