Украина вели дека ослободила важен град на руската граница
Украина соопшти дека нивната војска го ослободила Суми, град на украинско-руската граница. Станува збор за град кој се наоѓа на североистокот на земјата, северно од Харков, околу кој се уште се водат жестоки борби.
Дмитро Живицки, тамошниот гувернер, на социјалните мрежи напиша дека руските сили се повлекле, но ги предупреди жителите кои побегнале да не се враќаат се уште бидејќи градската област треба прво да се исчисти од мини.
Суми беше еден од првите градови што беше нападнат, а во првите денови од војната претрпе неколкудневно жестоко бомбардирање.
Британското Министерство за одбрана утрово потврди дека руските сили го напуштиле градот.
Слично
