Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА ТВРДИ: Во секое време знаеме каде се Путин и Пригожин

УКРАИНА ТВРДИ: Во секое време знаеме каде се Путин и Пригожин

Украинската воена разузнавачка служба во реално време ја следи локацијата на рускиот претседател Владимир Путин и основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави украинскиот портпарол Андриј Јусов.

Јусов наведува дека „и покрај сите обиди и напори да се сокрие оваа информација“, тоа не е нешто што може да се сокрие.

Путин е добро чувана личност. Пригожин е помалку чуван и се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент“, изјави Јусов за Киев пост.

„Сите овие информации ни се познати нам и на нашите партнери и често се следат во реално време“, додаде тој.

Јусов истакнува дека и покрај тоа што знаат каде се Путин и Пригожин, немаат намера да ги убијат и дека приоритет на Украина е да ги казни воените злосторници.

„Како цивилизирана земја, Украина е заинтересирана оваа казна да биде извршена во рамките на меѓународното право пред меѓународен суд. Хаг чека Путин да биде жив зад решетки“, рече Јусов.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести