Украина тврди дека во Виница се убиени цивили, а Русија вели гаѓала воена цел
Русија тврди дека вчера во Виница гаѓала воена цел, и дека се убиени украински команданти и странски добавувачи на оружје. Со ваков став излезе руското Министерство за одбрана.
Министерството повтори дека руските сили напаѓаат само воена инфраструктура и позиции на украинските војски.
Украинските функционери тврдат дека наводно се убиени 22 цивили, меѓу кои три деца а најмладото на четири години.
Украинската војска објави дека Виница, град на 200 километри југозападно од главниот град Киев, е погодена со три руски крстосувачки ракети од типот „Калибр“ истрелани од неименувана подморница. Тие велат дека украинските сили собориле уште два такви проектила.
„Секретаријатот на ОН не зазеде избалансиран став за настаните во украинскиот град Виница“, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.Украина нема да објавува официјален број на воени жртви до крајот на војната.
Русија на 24 февруари ја нападна Украина и војната уште трае. Иако Русија тврди дека не убива цивили, сепак има илјадници загинати.
фото РИА НОВОСТИ
