Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина тврди дека соборила три Су-34

Украина тврди дека соборила три Су-34

Три руски ловци-бомбардери Су-34 се соборени вчера на јужниот фронт, соопшти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешчук.

„Денеска напладне на јужниот фронт беа соборени три руски ловци-бомбардери Су-34“,  информираше синоќа Олешчук. Командантот им се заблагодари на војниците за нивната изведба.

Ова за Украина е мала победа, бидејќи реално Русите сè уште имаат контрола над воздухот. Руските воздухопловни сили Су-34 изведуваат секојдневни летови за истрелување ракети со сателитски наведување на мостот Кринки од далечина од 40 километри


Слично

Поврзани вести