Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина тврди дека Русите повторно гаѓаат цивилни цели

Украина тврди дека Русите повторно гаѓаат цивилни цели

Украина обвинува дека руските окупатори продолжуваат со својата терористичка тактика. Велат дека не можејќи да одговорат на бојното поле, руските војници повторно ја погодиле критичната инфраструктура на мирните украински градови со проектили. 

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руските сили денеска извршиле пет ракетни напади, повеќе од 10 воздушни напади и над 20 напади од ракетни системи против воени и цивилни цели во Украина. 

„Руските окупатори продолжуваат со својата тактика на терор и заплашување на цивилното население на Украина“, објавија официјални лица на Фејсбук страницата на Генералштабот.

Украинските трупи се осум пати побројни во контраофанзивата. 

За рускиот ТВ канал „Русија-24“, ова го тврди прорускиот функционер од Херсон, Виталиј Ганчев.

foto EPA/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS S

Слично

Поврзани вести