Украина тврди дека Русија распоредува оружје во Белорусија
Украина тврди дека Русија распоредува оружје во соседната Белорусија. Тоа е, како што тврдат, нов руски план и според нив Русите сакаат да го опкружат главниот град Киев.
„Целта е да се обидеме да подготвиме и да извршиме офанзивни дејства за опсада на градот Киев“, се наведува во соопштението на вооружените сили.
Велат дека руските сили исто така собираат опрема на Крим и претрпуваат значителни загуби.
Украина тврди дека досега се убиени околу 16.000 руски војници, а Русија овие бројки не ги коментира засега.Белорусија нема да остане на страна доколку мировници на НАТО дојдат во Украина.
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, денеска изјави дека доколку мировниците на НАТО дојдат во Украина, постои опасност од Трета светска војна и во тој случај Белорусија нема да остане на страна. Полска повика на воведување мировни сили на НАТО во Украина, за што на 16 март зборуваше полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Слично
