УКРАИНА: Тешко повреден градоначалникот на Харков
Лекарите се борат за животот на градоначалникот на украинскиот град Харков Генадиј Кернес, кој бил ранет во напад од страна на непознати лица. „Градоначалникот бил застрелан во грбот. Лекарите се борат за неговиот живот“, соопштиле од канцеларијата на Кернес.
Прорускиот градоначалник во моментот на нападот возел велосипед. Кернес, против кого порано биле покренати обвиненија за измама и кражба, од март е под истрага и во врска со случаи за киднапирање и малтретирање.
Тој употребувал жестоки методи против своите противници во Харков за време на тримесечните проевропски демонстрации кои резултираа со разрешување на украинскиот претседател Виктор Јанукович.
http://www.youtube.com/watch?v=594HWc_WEBo
Слично
