Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА СПРЕМА ТРУПИ: Дали новиот удар може да биде конечен пораз на руската војска?

УКРАИНА СПРЕМА ТРУПИ: Дали новиот удар може да биде конечен пораз на руската војска?

Украина спрема трупи и муниција за нов голем напад на руските позиции, вели за Еуроњус, Питер Дикинсон, аналитичар за Украина и Атлантскиот сојуз. 

Вели дека украинската војска мора да го одржи замавот кој го земаа лани. Додаваат дека новата офанзива е клучна за да Киев ја задржи меѓународната поддршка и да покаже дека напорите кои ги вложи Западот даваат резултати. 

Бившиот полковник на американската војска, Лијам Колинс кажа дека Украина мора да изврши напад пред да се стопи снегот, затоа што тоа го отежнува користењето на неасфалтираните патишта.  Смета дека Украина може да поднесе борби на температурите под нула, додека Русите имаат проблем со логистиката, лидерството и моралот.  Објаснува дека единствена предност која Русите ја имаат масовност. Се очекува дека ударот би бил на југот, кај Азовското Море. Целта веројатно ќе биде да ги изолираат руските сили кои одат на Крим. Се смета дека тоа ќе биде поновување на сценариото од Херсон, каде руските сили беа отсечени, не можеа да се снабдуваат и мораа да се повлечат. Вели дека руските трупи не можат да изведат масовни огнени маневри, затоа што немаат способности. Киев може да се обиде да ги заведе Русите со објавување на лажни информации. Дикинсон рече дека Украина се покажала вешта во изненадувањата. 

Украина најново објави дека вчера загинале 800 руски војници во Доњецк. Соопштија дека руските сили биле фокусирани на офанзивата во областа Бахмут и дека нападите на Авдиевка и Купјанск биле неуспешни.

Слично

Поврзани вести