УКРАИНА СО КОНТРАНАПАДИ, РУСИЈА НЕ ОДГОВАРА! Дали Русија ќе ја задржи освоената територија?
Русија ќе има големи проблеми да ја задржи територијата што ја анектираше, па Путин ќе се обиде да ја замрзне војната, се наведува во прогнозата на Институтот за проучување на војната.
Континуираната загуба на територија за која Русија сега тврди дека е нејзина, заедно со новите пакети санкции објавени од САД и Обединетото Кралство во петокот, дополнително ќе ја намали способноста на Кремљ да води војна и ќе ја поткопа способноста на војската да се одржи на теренот.
- Русија ќе се бори да ја задржи територијата за која тврди дека ја анектирала. Путин најверојатно има намера со анексијата да ја замрзне војната долж сегашните линии на фронтот и да дозволи време за руска мобилизација за обнова на руските сили - соопшти Институтот за проучување на војната во анализа објавена во петокот на порталот „Политико“, пренесува „Мондо“.
Институтот, заедно со Проектот за критични закани на Американскиот институт за претпријатија, исто така, во петокот изработи мапа на која се гледа дека четирите територии подготвени за анексија всушност вклучуваат големи делови од земјиште што сè уште се контролирани од Украина. Додека лидерите предупредија дека прогласувањето на териториите за дел од Русија би можело да послужи како изговор за ескалација на војната, опциите на Путин се исто толку ограничени како што беа пред неговото објавување.
Украина ја задржа руската црноморска флота, а капетаните на бродовите сега го избегнуваат брегот поради страв дека ќе бидат погодени од проектили. Руските воздухопловни сили генерално избегнуваат да летаат над украинскиот воздушен простор, а на Кремљ му недостасуваат сојузници подготвени да се вклучат во конфликт. Во таква ситуација, тој сега ја полни својата сила со необучени регрути.
И иако Путин и другите руски претставници навестија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје, САД велат дека веројатноста е мала. „Не видовме ништо што укажува на тоа дека треба да ја смениме нашата позиција“, рече висок претставник на Министерството за одбрана.
Фото: Принскрин/Твитер
