Украина се закани – не отстапува ни педа на Русија
Украина нема да и отстапи ниту еден сантиметар од својата територија на Русија, тврди украинскиот премиер Арсениј Јаценјук.
- Тоа е наша земја. Нема да дадеме ниту еден сантиметар од неа. Нека го знаат тоа Русија и нејзиниот претседател, истакна Јаценјук на свеченост по повод 200-годишнината од раѓањето на поетот Тарас Шевченко, борец за независна Украина, посочувајки дека ќе направи напори за политичко и дипломатско решавање на кризата во Крим.
Според Јаценјук, САД и Велика Британија, кои станаа гаранти за територијалниот интегритет на Украина кога поранешната советска република во 1994 година се откажа од нејзиното нуклеарно оружје, ќе направат „се што е можно за да ја заштитат независноста на Украина“.
- Се наоѓаме пред еден ид најголемите предизвици во историјата на независна Украина, нагласи Јаценјук.
Слично
