Украина се закани: Ќе гаѓаме локации во Русија
Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јурих Ихнат изјави дека Украина може да гаѓа ирански ракети на локациите за лансирање лоцирани во Русија.
„Тие треба некако да се уништат, веројатно од каде што се лансирани. Затоа што немаме ефективни средства за борба против балистичките ракети, освен физички да ги уништиме во фазата на лансирање“, објасни тој.
Ихнат рече дека иранските ракети имаат „дострел од 300 до 700 километри, што во принцип нема да биде ништо ново за Украина, бидејќи искандерите од руско производство се користат уште од првиот ден на војната“.
„Мислам дека и врвот на војската и нашите партнери работат на ова прашање, барајќи ефективни начини да се спротивстават на овие нови закани“, рече Ихнат.
Слично
