Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина се соочува и со банкарска паника

Украина се соочува и со банкарска паника
Се засилуваат стравувањата за масовно бегство на банките од Украина поради намалувањето на резервите на централната банка и повлекувањето на околу 7 отсто од депозитите за само 3 дена, пишува CNBC. Според новоименуваниот гувернер на украинската централна банка Стјепан Кубив резервите изнесуваат само 15 милијарди долари. Податоците покажуваат дека во периодот 18-20 февруари се подигнати 30 милијарди гривни (околу 3,3 милијарди долари), што е еквивалентно на околу 7 отсто од вкупната депозитна база во земјата. Оценките на Goldman Sachs за резервите од странска валута во источноевропските држави се уште попесимистички - банката смета дека украинските резерви се намалени уште повеќе - до 12-14 милијарди долари. Централната банка на Украина размислува да подигне заеми за пет од банките во земјата, за да спречи евентуален банкрот поради масовниот одлив на депозити. Ројтерс објави дека институцијата подготвува и мерки со кои треба да се запре одливот на капитал. "Како и што очекувавме , во февруари резервите се намалија дополнително – за дополнителни околу 3 милијарди долари ", коментира Тимоти Еш од Standard Bank ." Претпоставувам дека тоа е заради луѓето на улица, но и поради членови на елитата кои се околу поранешниот режим ", коментира аналитичарот .  "Ова дефинитивно е предизвикувачка задача која стои пред новата влада", додава Еш .   Поради стравувањата за масовен одлив на средства од банките некои од финансиските институции привремено ги затворија експозитурите и воведоа ограничувања за влечење на пари. Италијанската Unicredit на пример привремено затвори 8 од своите филијали, го намали работното време на другите и воведе максимален праг за висината на средства на 1 500 гривни на ден за клиенти на банката и 500 гривни за клиентите на други банки. Во понеделникот банката ги укина ограничувањата , но сеуште не функционира една од експозиѕурите, информира весникот. Најголемиот руски кредитор Sberbank пак објави дека го прекинува кредитирањето во Украина, иако сеуште нема наметнато лимит за бараните износи. Руската VTB информира дека, сепак, "продолжува да оперира како обично во Украина", но не прецизира дали претходно одредените лимити за вадењето на средства сеуште дејствуваат. Николас Спиро, управен директор на Spiro Sovereign Strategy, предупредува дека Украина е пред финансиски колапс и се соочува со криза во стилот на таа од 90-тите години на дваесеттиот век. Во меѓувреме стана јасно дека претставници на САД и на Меѓународниот монетарен фонд се во посета на земјата, за да договорат план за спас во вредност од 15 милијарди долари. Киев сепак најави дека има потреба од 35 милијарди долари.   К.К.
Слично

Поврзани вести