Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина се подготвува за нова војна?

Украина се подготвува за нова војна?

Со усвојувањето на законот за реинтеграција на Донбас, кој денес стапи на сила, украинскиот претседател Петро Порошенко го потврди планот на Киев конфликтот во регионот да го реши по воен пат, соопшти руското МНР.

Документот, според официјална Москва, законски му овозможи на Киев користење на воена сила против населението во југоисточна Украина.

- Практичната примена на законот се заканува да предизвика нова ескалација на оружените судири во Донбас, затоа го повикуваме Западот да изврши притисок врз Киев, за да се спречи погубното сценарио со непредвидливи последици - се наведува во соопштението на руското министерство.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров порача дека станува збор за „грозен закон“, кој не само што дозволува, туку и ја предвидува можноста за воено решавање на конфликтот во југоисточна Украина.

Порошенко н 20 февруари го потпиша законот, кој му дава на претседателот право да ги користи вооружените сили во мир за заштита на суверенитетот, и ја легитимизира употребата на војската без објавување војна, пренесува Спутник.


Слично

Поврзани вести