Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина се мобилизира, 40.000 резервисти повикани да ја бранат татковината!

Украина се мобилизира, 40.000 резервисти повикани да ја бранат татковината!
Само ден по референдумот на Крим, украинскиот Парламент го одобри декретот на претседателот за делумна мобилизација на украинските оружени сили. Во одбрана на земјата ќе бидат повикани 40.000 резервисти, од кои 20.000 ќе бидат распоредени во војската, додека останатите ќе станат дел од новоформираната Национална гарда на Украина. Мобилизацијата мора да се спроведе најдоцна за 45 дена, но државниот секретар за одбрана и национална безбедност Андриј Парубиј очекува задачата да биде исполнета многу порано. Во меѓувреме, Кримскиот Парламент утрово на вонредна седница, упати предлог до Русија да ја припои оваа област кон својата територија. Барањето беше испратено откако 96% од гласачите кои излегоа на вчерашниот референдум на Крим се изјаснија дека се за отцепување од Украина. Крим бара од Руската Федерација да ја прими оваа област како нов субјект со статус на република.
Слично

Поврзани вести