Украина: Русите ја гранатирале џамијата на Сулејман Величествениот и Хурем Султан
„Џамијата на султанот Сулејман Величествениот и неговата сопруга Роксолана (Хурем Султан) во Мариупол беше гранатирана од руските сили“, објави денеска Министерството за надворешни работи на Твитер.
Според украинската страна, во околината на верскиот и туристички објект засолнети биле повеќе од 80 возрасни и деца, вклучително и турски државјани.
Поради руските гранатирања наводно цивилите не може да избегаат од градот кој има околу 430.000 жители.
Во објавата не е наведено дали има загинати или повредени луѓе.
Слично
