Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина размислува да ја повлече војската од Крим

Украина размислува да ја повлече војската од Крим
Украинската Влада подготвува план за итна евакуација на своите трупи од Крим, сигнализирајќи дека ја прифаќа реалноста за руската окупација на полуостровот, пишува Њујорк Тајмс. Според информациите, планот вклучува извлекување на 25.000 Украинци, војници и нивните семејства од окупираниот полуостров и нивно префрлање на украинска територија. Илјадници украински морнари и војници остануваат заробени во воените бази на Крим, кои се под опсада на руската војска. Најавата за нивно повлекување  дадена од страна на секретарот на украинскиот Национален совет за безбедност и одбрана Андреј Парубиј, навестува дека и покрај тоа што Украина не го признава референдумот за отцепување на Крим како легитимен, сепак размислува да го предаде полуостровот, барем од воена гледна точка, пишува „Њујорк Тајмс“. Но, во истовреме, Украина денеска одлучи и да ја напушти Заедницата на независни држави (ЗНД), во која членуваат девет поранешни советски републики, меѓу кои и Русија.  
Слично

Поврзани вести