Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина: Расте бројот на загинати во граѓанската војна

Украина: Расте бројот на загинати во граѓанската војна

Во вооружените судири на истокот од Украина, каде проруските сили се борат за отцепување, 4035 лица загинале во последните шест месеци, а повеќе од 300 во само последните десет дена.

Тоа се наведува во новиот извештај на ОН кој ја илустрира кревкоста на спогодбата за прекинот на огнот постигната во почетокот на септември.

Бројот на загинати од 21 октомври изнесува 3724, вклучувајќи 298 загинати во јули оваа година во падот на малезискиот патнички авион за кој се верува дека е во подрачјето под контрола на проруските сепаратисти урнат со проектил.

Повеќе од 930.000 лица избегнале од Доњецк и Луганск, од што 442.219 се раселени во Украина, а 488.466 се во соседните земји, воглавно во Русија.

Извештајот е објавен во очи на неделните избори во организација на сепаратистите на територијата која ја контролираат тие. Тие избори се „препрека за мировните преговори и негативно ќе влијаат на хуманитарната состојба во подрачјата зафатени од судирите“, се наведува во извештајот на ОН.

ОН во тој документ ја критикува „едностраната“ одлука на Русија да испрати уште еден конвој за помош бидејќи тоа би „можел да ја влоши опасната состојба на истокот на Украина“.

Слично

Поврзани вести