Украина прифатила услов според кој нејзината армија ќе биде ограничена на 800.000 војници?
Американски функционер за Би-Би-Си изјави дека „само уште неколку технички детали треба да се прецизираат“, а потоа би следела официјална средба меѓу претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во САД. Притоа, „Фајненшал Тајмс“ објави дека Украина прифатила услов според кој нејзината армија ќе биде ограничена на 800.000 војници.
Според западни извори, во Женевa било постигнато начелно согласување меѓу делегациите на Вашингтон и Киев, јави Ројтерс.
Американски функционер за Би-Би-Си изјави дека Украина го прифатила нацрт мировниот договор што го предложиле Соединетите Американски Држави „само уште неколку технички детали треба да се прецизираат“.
Киев не ги коментираше овие тврдења, ниту Белата куќа ја потврди можноста за какви било разговори меѓу Зеленски и Трамп.
Сепак, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров денеска на социјалните мрежи објави дека Зеленски може да ги посети САД во следните неколку дена со цел да го финализира договорот.
Притоа, „Фајненшал Тајмс“ објави дека Украина прифатила услов според кој нејзината армија ќе биде ограничена на 800.000 војници, пренесува хрватски Индекс.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
