Украина престана да се снабдува со руски гас
Украина го прекина снабдувањето со руски гас со образложение дека не ù одговараат новите цени за енергенсот што ги бара рускиот гигант „Газпром“.
„Од денеска престанавме да точиме гас во подземните складишта“, објави украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан.
Украинските власти се обидуваат да испреговараат со „Газпром“ враќање на претходната цена од 268,5 долари за 1.000 метри кубни гас. Рускиот снабдувач претходно одреди значително повисока цена од речиси 500 долари за 1.000 кубни метри гас.
Со ваквата цена несогласување изрази и украинскиот премиер Арсениј Јаценјук. Со испораките во март од овој енергенс, Украина има неплатен долг од 550 милиони долари кон „Газпром“.
Од исполнетоста на украинските подземни складишта со гас зависи и стабилната испорака на овој енергенс кон европските земји, со оглед на тоа што Европа се снабдува со руски гас преку Украина.
Слично
