Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина предложи усвојување неутрален статус - што вели Русија?

Украина предложи усвојување неутрален статус - што вели Русија?

Амбасадата на Украина во Турција објави дека заврши состанокот на украинските и руските преговарачи во Истанбул. 

Русија го оцени состанокот како конструктивен. Шефот на руската делегација Владимир Медински изјави дека разговорите биле конструктивни.  Медински изјави дека ќе ги разгледаат барањата на Украина и дека за нив ќе го извести претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој додаде дека средбата меѓу претседателите на Русија и Украина ќе биде можна само кога на договорот ќе „стават печат“ министрите за надворешни работи на двете земји, пренесува Ројтерс.

Разговорите траеја околу четири часа со повремени паузи.

Украина предложи усвојување неутрален статус во замена за безбедносни гаранции во последната рунда разговори со Русија, што значи дека нема да се приклучи на воените сојузи или да биде домаќин на воени бази, рекоа украинските преговарачи во по разговорите во Истанбул.

„Предлозите, исто така, ќе вклучуваат 15-годишен период на консултации за статусот на анектираниот Крим и би можеле да стапат на сила само во случај на целосен прекин на огнот“, изјавија преговарачите за новинарите во Истанбул, пренесе Ројтерс.

Претходните рунди преговори меѓу Русија и Украина беа одржани во Белорусија.

На 24 февруари, Русија ја нападна Украина. 

Слично

Поврзани вести