Украина повторно ја нападна онлајн трговијата на Русија, нови удари на рускиот „Амазон“
Едно лице е убиено, а 10 се повредени во напад со беспилотно летало во текот на ноќта во Краснодарската област, објави денес гувернерот на регионот, Венијамин Кондратиев.
Како што изјави Кондратиев на својот канал на мрежата Макс, во Армавир, остатоци од беспилотно летало паднале врз просториите на една компанија, при што загинал еден вработен, објави Интерфакс. 10 лица се повредени во нападот врз магацинскиот комплекс во Краснодар.
Три лица се во тешка состојба, едно лице добило повреди со средна тежина и сите се хоспитализирани во градските здравствени установи. Останатите шест повредени добиле помош од брза помош. Кондратиев изјави дека санирањето на последиците од ноќниот напад и пожарот во магацинот продолжува.
IT'S MARSHMALLOW TIME FELLAS!
Krasnodar, Russia, Wildberries logistics hub pic.twitter.com/fwCmu51kS5
Претходно беше објавено дека напад со беспилотно летало предизвикал пожар во магацински комплекс во Краснодар, како и во нафтена фабрика во Армавир, каде што пожарот зафатил површина од околу 800 квадратни метри.
Украинците сè повеќе ги таргетираат руските логистички центри
Овие напади се дел од пошироката украинска стратегија за напад врз воената инфраструктура длабоко на руска територија и на окупираните територии, со цел ослабување на руските воени капацитети. По нападите во Краснодар и Невиномиск, бројот на напади врз инфраструктурата на компанијата „Вајлдберис“, руски пандан на „Амазон“, во текот на последните неколку дена се зголеми на четири.
