Украина повика доколку можат бегалците зимата да ја минат во странство
Киев повика бегалците зимата да ја минат во странство поради оштетувањата на енергетските системи во земјата.
Заменик-премиерката Ирина Верешчук на националната телевизија кажа дека поради руските напади, енергетските системи во земјата се нестабилни.
„Во текот на летото со нетрпение очекувам многумина од вас да се вратат за да го обноват уништеното и да ги испратат децата во украинските училишта”, додаде таа.
Од 10 месецов руската армија почна да користи ракети и беспилотни летала за напади врз инфраструктурни објекти, како инсталации за електрична енергија и топлани за греење. Како што објави Агенцијата за бегалци на ОН, од почеткот на руската инвазија во европските земји допатувале 7,7 милиони бегалци од Украина. Најголем дел заминаа во Полска. Украинските власти објавија дека за една недела, руските сили уништија 30 отсто од нивната енергетска инфраструктура.
