Украина: Порошенко го распушти парламентот, избори во октомври
Претседателот на Украина Петар Порошенко денеска го распушти парламентот и закажа предвремени избори за 26 октомври, додека на истокот на земјата продолжуваат судирите помеѓу владините сили и прорусите.
Во соопштението објавено на претседателскиот веб сајт Порошенко наведе дека го распушта Парламентот и дека овој потег е во согласност со Украинскиот Устав.
Во телевизиското обраќање Порошенко рекол дека многу сегашни пратеници го поддржуваат соборениот претседател Виктор Јануковиќ и дека повеќето Украинци сакаат нов парламент.
Борбите помеѓу украинската влада и бунтовниците на истокот однеле најмалку 2000 животи на цивили, проценуваат Обединетите нации.
Слично
