Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина понудила опции за Мариупол, на потег е Русија

Украина понудила опции за Мариупол, на потег е Русија

Украина и ги понудила сите опции на Русија за да обезбеди безбедно минување на војниците и цивилите подалеку од Мариупол, но го чека одговорот на Русија. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако Русија објави дека го зазела Мариупол. 

Претходно, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Москва го контролира поголемиот дел од Мариупол, но дека украинските војници се наоѓаат во подземни бункери во фабриката за челик Азовстал. Украина тврди дека со нив се и околу 1.000 цивили.

Ситуацијата во фабриката за челик Азовстал во Мариупол е „блиску до катастрофа“, изјави за Си-Ен-Ен Јуриј Риженков, извршен директор на Метинвест холдинг, компанија која е сопственик на фабриката.

Слично

Поврзани вести