Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА ПОКРЕНА ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРОТИВНАПАД НА СЕВЕРОИСТОК - еве што се случува со руските сили

УКРАИНА ПОКРЕНА ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРОТИВНАПАД НА СЕВЕРОИСТОК - еве што се случува со руските сили

Украина започна изненаден контра-напад на североистокот на земјата, во регионот на Харков, протегајќи ги руските сили, кои се принудени да се соочат со украински контранапад на југ, во областа Херсон.

Прорускиот лидер на самопрогласената Народна република Доњецк вчера изјави дека украинските сили го „опколиле“ Балаклија, источен град со околу 27.000 жители сместен меѓу Харков и Изум, кој е под руска окупација.

„Денеска, украинските сили, по долга артилериска подготовка, започнаа со напад на Балаклија“, објави Даниил Безсонов на својот канал Телеграм.

„Во моментов, Балаклија е опкружен и во домет на украинската артилерија. Сите приоди се отсечени“, рече тој, додавајќи дека успешната украинска офанзива ќе им се закани на руските сили во Изум, стратешки важен град што Русија го користи во својата офанзива во источна Украина. 

На снимката, чија автентичност се уште не е потврдена, која се појави вчера на социјалните мрежи, се гледа како украински војник позира пред влезот на Балаклија.

Аналитичарите велат дека првичната цел на офанзивата на североисток може да биде градот Купјанск, клучна сообраќајна точка низ која минува руската рута за снабдување на југ.

Слично

Поврзани вести