УКРАИНА ПОГОДИ ЦЕЛИ ВО РУСИЈА: Загинаа две деца
Две деца загинаа во украинско гранатирање на рускиот град Белгород.
„Неколку луѓе се повредени во украинско гранатирање на центарот на рускиот град Белгород“, изјави денеска регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
Покрај тоа, неколку гранати го погодиле и станбениот дел на Белгород, прецизира гувернерот и најави дека подоцна ќе објави повеќе детали.
Претходно денеска едно дете загина во украинско гранатирање на руската област Брјанск. Информацијата ја потврди регионалниот гувернер Александар Богомаз на својот канал Телеграм. Тој прецизираше дека детето кое починало е родено во 2014 година. Кажа дека вооружените сили на Украина истрелале повеќе од 10 гранати кон цивилни цели.
Русија вчера изврши ракетен напад во повеќе украински градови, при што загинаа 31 лице.
foto AFP
