Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина под притисок – Путин се заканува дека ќе испрати војска?

Украина под притисок – Путин се заканува дека ќе испрати војска?
Неколку дена по разрешувањето на претседателот Виктор Јанукович, Украина и натаму оди по работ на бездна. Загриженоста расте поради зголемените сепаратистички планови, кои се појавуваат во деловите од земјата во кои живее руско население. Од Севастопол на Крим, но и од други региони се погласни се јавните пораки дека не го прифаќаат разрешувањето на Јанукович и промените во власта во Киев. Загриженост изрази и претседателот на украинскиот Парламент Олександар Турчинов, кој во моментов ја извршува функцијата шеф на државата. „Сепаратизмот е сериозна закана“, вели Турчинов, кој најави дека ќе се сретне со претставници на безбедносните сили за да дискутираат за сепаратистичките тенденции кои се појавуваат во регионите со доминантна руска етничка популација. Неизвесноста го одложи и формирањето на новата украинска Влада на национално единство, која сега се очекува да биде формирана в четврток. Неопзнати сторители денеска го нападнале и го раниле со огнено оружје еден од најблиските соработници на Јанукович, Андриј Клиујев. Автомобилот во кој се наоѓал Клиујев бил нападнат додека тој се враќал во Киев, откако претходно на Крим му ја предал својата оставка на Јанукович. Неговиот живот не е во опасност, јавуваат украинските медиуми. Напнатоста во Украина дополнително ја подгреваат и најавите од Москва за можна интервенција. Иако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврди дека „политиката на неинтервенција продолжува“, сепак поранешен советник во Кремљ не ја исклучува можноста Русија уште следната недела да се обиде да го припои регионот на Севастопол. “Рускиот претседател Владимир Путин е бесен заради разрешувањето на Јанукович, ги отфрла предупредувањата од Запад и ја става војската во борбена готовност“, тврди поранешниот советник во Кремљ Андреј Иларионов. Во Севастопол, каде што се наоѓа руската поморска база во Украина, под заштита на руските сили се наоѓа и разрешениот претседател Јанукович, кого полицијата го бара за масовни убиства за време на протестите во Киев.
Слично

Поврзани вести