Украина плати дел рускиот гас – дали е на повидок решение на спорот?
Отворен е пат за продолжување на разговорите меѓу Москва и Киев за надминување на спорот за снабдување со природен гас. „Гаспром“ потврди дека Украина уплатила дел од сумата што ја должи за испорачаниот руси гас, што беше предуслов за да продолжат разговорите.
Во Москва стигнале 786 милиони долари (околу 577 милиони евра) од Киев за испорачаните количества гас, додека Русија тврди дека Украина должи околу 5,2 милијарди долари за испорачан гас.
Заради досегашните долгови, Москва најави дека од јуни на Киев ќе му исплаќа гас само по претходна уплата. Украина бара и пониска цена за гасот, откако цената на овој енергенс за Киев неколкупати се зголеми по стартот на руско-украинскиот спор.
Слично
