Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина отвори илјадници предмети за воени злосторства, им помагаат експерти од Франција и Словачка

Украина отвори илјадници предмети за воени злосторства, им помагаат експерти од Франција и Словачка

Властите во Украина истражуваат 9.158 кривични предмети, коишто вклучуваат воени злосторства. Ќе помогнат експерти од Франција, Словачка,  а се чекаат и од Литванија.  

Украинското обвинителство именувало десет руски војници минатата недела како осомничени за различни злосторства во Буча.

„Веќе ги идентификувавме конкретните воени злосторници. На пример, во регионот на Киев има 15 луѓе, од кои 10 во Буча. Ги бараме одговорните за тортура, силување и грабеж“, рече обвинителката Ирина Венедиктова.

Венедиктова за масакрот во Буча рече дека некои тела не може да се идентификуваат и дека се собираат примероци од ДНК. Таа додаде дека случаите ги опфаќаат регионите Киев, Чернихив и Суми.

Најдени се уште три тела на мажи во Буча кои руските сили ги мачеле.

foto EPA/ANDRII NESTERENKO

Слично

Поврзани вести