Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина ослободи село на 10 километри од Бахмут

Украина ослободи село на 10 километри од Бахмут

Украинските сили повратија село веднаш до градот Бахмут.

Украинските сили ги елиминираа руските трупи во селото Андриивка. Селото се наоѓа на околу 10 километри јужно од  Бахмут. Генералштабот на вооружените сили на Украина најави ослободувањето на Андриивка рано утрово. Нема потврда или коментар од руските власти. Украинските сили ја почнаа долгоочекуваната контраофанзива пред повеќе од три месеци. 

„Беше тешко и вчерашната ситуација се менуваше многу динамично неколку пати“, рече Хана Малијар од украинското Министерство за одбрана.

Малијар рече дека Украина повратила 50 квадратни километри површина околу Бахмут од почетокот на контраофанзивата во јуни. Русија лани на 24 февруари ја нападна Украина со барање за денацификација, демилитаризација и независност на Доњецк и Луганск. 

Слично

Поврзани вести