Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина: ОН да ја прогласат Русија за спонзор на тероризмот!

Украина: ОН да ја прогласат Русија за спонзор на тероризмот!

Амбасадорот на Украина во Обединетите нации денеска рекол дека неговата земја наскоро ќе побара од членките на ОН формално да ја прогласат Русија за спонзор на тероризмот.

Јуриј Сергејев пред новинарите рекол дека Украина ќе поднесе СБ ОН нацрт резолуција, која ќе ја повтори декларацијата на парламентот усвоена оваа недела.

Во таа декларација се бара и самопрогласените републики на истокот од Украина да бидат прогласени за терористички организации, што формално ја спречува можноста за одржување на мировни преговори со нивните претставници, пренесува АП.

Сергејев, исто така предупредил дека ќе дојде до „голема војна“ доколку проруските сили завземат поголема територија или изградат коридор до Крим, кој Русија си го присвои пред година дена.

Слично

Поврзани вести