Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина очекува сигурна бизнис клима со добивањето нова влада

Украина очекува сигурна бизнис клима со добивањето нова влада

Нов кабинет може да биде назначен во најскоро време во Украина, соопшти в.д. премиерот Сергеј Арбузов, јави ИТАР-ТАСС.

- Ваков чекор ќе биде направен, бидејќи ќе донесе сигурност кај граѓаните и инвеститорите, а нам ни требаат инвеститори, рече тој.

На 28 јануари, претседателот Виктор Јануковиќ ја профати оставката на премиерот Микола Азаров и на владата, која продолжува да си ги извршува обврските. Според уставот, таквата ситуација може да трае до 60 денови.

Арбузов посочи дека економските показатели не најавуваат дестабилизација на валутата. Тој дополни дека за подобрување на економската и финансиската ситуација треба да се скуси рокот за носење решение за нова влада.

Слично

Поврзани вести